ArtArea - Културна артерија на градот

д 22 до 24 декември во Кино Култура ќе се одржи фестивалот ArtArea – Културна артерија на градот Фестивалот ArtArea е време-место на поврзување на различните уметности: книжевност, филм, театар, музика, поетски перформанс, архитектура, фотографија, анимација, ракотворство… Вљубениците во еден или неколку од овие изразни медиуми ќе откријат непознати убавини другаде, каде што не ги…

Очудувања #2

Внимание! Внимание! ПОТЕРНИЦА „Очудувања #2“ Избегани се сомнителни зборови. Се повикуваат сите совесни збороловци да се вклучат во потрагата. Генералии на бандата: 1) Назив: КРАТКА ПРОЗА 2) Потекло: македонски јазик 3) Табиет: чуден и непостојан Се бараат живи и̶л̶и̶ ̶м̶р̶т̶в̶и̶ ! Последен рок за доставување на уловот: 01.08.2017 Станица за прием на уловот: andrej@begemot.local

Очудувања #1

Првиот циклус од конкурсот за кратка проза „Очудувања“ заврши. Им благодариме на сите триесетина автори кои испратија еден или повеќе кратки прозни текстови во одговор на повикот. Беше сладок предизвик да се исчитаат и оценат стилската оригиналност, креативноста на наративната стратегија и инвентивноста на односот кон темата кај сите нив! Во збирката ќе бидат вклучени…

Канадскиот џин на модерниот расказ

Алис Манро е родена во Онтарио, Канада, во 1931 г., каде студирала на универзитетот Западен Онтарио. Нејзината прва збирка раскази е издадена под насловот Танцот на среќните сенки. Таа е добитничка на голем број награди и номинации, а во 2009 г. ја освојува наградата Man Booker International Prize. Истата година ја издава збирката раскази Премногу…

Портрет - Бруно Шулц

Бруно Шулц (1892 – 1942) – полски прозаист, сликар, графичар и литературен критичар од еврејско потекло. Се родил во Дрохобич, претежно еврејски град. Студирал архитектура во Лавов и поголемиот дел од животот го поминал во родниот град, каде што работел како учител по цртање во гимназија. Врз него интелектуално влијание извршила Млада Полска и германската…

Марио де Са-Карнеиро

Марио де Са-Карнеиро (1890-1916) е португалски поет и прозаист. Влегува во светот на модернистите благодарение на големиот поет и езотерик Фернандо Песоа. Заедно со Фернандо Песоа и Алмада Негреирош пишува за книжевниот зборник „Орфеу“ под влијание на европската авангарда, со што создава и скандалозни реакции во Португалија поради смелоста на изразот и футуристичкиот идеализам. Своите…