Славомир Мрожек – Слон

Р

асказите од збирката Слон ги презентираат сите карактеристики на литературната дејност на Славомир Мрожек. Критиката ги прогласила за најкарактеристични за неговото творештво: гротескно прикажани ситуации во кои е вплеткан дезориентираниот главен лик, компромитација на прогресивноста и наводната наука, апсурдноста на постапките на бирократската власт. Една од главните карактеристики на неговиот стил е и феноменалното користење на јазикот преку примената и пародирањето на разни стилови и конвенции.

Сите овие карактеристики ги прават расказите на Мрожек универзални и актуелни за сите контексти на политичкиот тоталитаризам.

Автор: Славомир Мрожек (1930–2013)

Превод од полски јазик: Филип Димевски

Број на страници: 300

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата