Очудувања 1/2

Очудувања 1/2

З

бирката „Очудувања“, истоимена со конкурсот преку кој ја генерира својата содржина, го свртува погледот кон современата кратка проза и прозната микрофикција на македонскиот книжевен релјеф. Првите два циклуси од збирката, вклучени во изданиево, претставуваат резултат на обидот да се создаде автономна лабораторија за развивање на оваа жанровска традиција. Во првиот циклус се вклучени текстови од дванаесет, додека во вториот – од четиринаесет автори. Некои од нив се веќе етаблирани „очудувачки“ гласови на младата македонска книжевна сцена, а други го привлекуваат вниманието кон себе со свежината и необичноста на својата творечка постапка. […] 101 година откако Виктор Шкловски го воведе поимот „очудување“ (остранение) во мислата за книжевноста, определувајќи го како скршнување од автоматизмот на рецепцијата на книжевниот текст преку постапка на создавање особено, необично видување на неговиот предмет. Наместо вообичаеното приближување на „значењето“ до сознанието на читателот, поетиката на очудувањето повикува предметот што уметникот го промислува да се претстави небаре првпат виден. Се работи за раскин со култот на авторската приземност заради освежување на уметничкиот текст. Определбата на поимот е дескриптивна и не ја заклучува постапката во фиксни рамки: на располагање е неограничен спектар наративни зафати преку кои може да се постигне очудување. Цело столетие од освестувањето (ословувањето) на раскажувачкото очудување, го свртуваме погледот кон она што денес на македонската книжевна сцена може да го понесе тој епитет. Андреј Јованчевски

Дизајн на корица: Наталија Лукомска

Број на страници: 155

Едиција: Наше маало | Формат: 185×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата