Пер Улоф Енквист – Втор живот

Пер Улоф Енквист – Втор живот

К

ако и Стриндберг во „Синот на слугинката“, во „Втор живот“ Пер Улоф Енквист пишува за себе во трето лице, како за „него“, синот без татко на учителката од Хјугболе. Тој, чиј детски свет не се протегал подалеку од Бурео, подоцна ќе патува и голем дел од својот живот ќе живее во странство, во Берлин, Њујорк, Париз, Копенхаген… Со драмата „Ноќ на лезбијките“ стигнува на Бродвеј. Среде тој меѓународен успех како писател, минува низ лична криза. „Втор живот“ е драматична приказна за тоа. „Ова дело не е опуштена, анегдотска прошетка низ неговото минато, на патот до славата и богатството. Две третини се посветени на неговото развивање како писател, додека последната третина го опишува долгиот, мачен пад на Енквист и потоа неговото враќање на креативноста и енергијата карактеристични за него. Приказната почнува, како секој автобиографски текст, со детството на авторот, но на читателите на Енквист им ја нуди препознатливата повеќестрана, метатекстуална перспектива.

Превод од шведски јазик: Родна Русковска

Број на страници: 481

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Пер Улоф Енквист (1934–2020)

Пер Улоф Енквист е роден во 1934 година, во Хјугболе, Вестерботен. Студирал историја на книжевноста во Упсала. Работел како критичар во „Свенска Дагбладет“ и во „Експресен“. Дебитирал со делото „Кристалното око“ во 1961 година. Меѓународен успех постигнува во 1968 година со „Легионерите“, дело преведено на десетици јазици и добитник на наградата на Нордискиот совет, според кое е снимен и филм.

Како драматург дебитира во 1975 година со „Ноќ на лезбијките“ и постигнува сензационален успех.

Двапати е добитник на наградата „Аугуст“ (Augustpriset), првиот пат за романот „Посетата на кралскиот лекар“ и вториот пат, за делото „Втор живот“, издадено есента 2008 година.

Препорачај ја книгата