Астални проекции

Астални проекции

„А

стални Проекции“ – поетскиот маратон кој четириесет месеци им даваше посебен „шмек“ на скопските вечери и ноќи – на астал.

Скопскиот „пијан брод“ што го кормилареа Ана Голејшка и Ѓоко Здравески секој прв вторник во месецот се прибираше во својот пристан, чаршиската „Менада“, за да прими нови патници, а оттаму пловеше без котва и сѐ уште се снове по нашите мисли и животи. На неговата палуба запознавме стотици поети и поетеси од нашето маало и од светот. Екипажот ни го пренесува во книгава курсот на патешествието, за да го фатат и оние што задоцниле, а на другите да не им избега од вид.

Втората, исклучително драга книга во монографската едиција „Плочка“ го документира – со стихови и слики – едно од нашите најубави градски искуства.

„Кај и да е, кај и да е…“

Број на страници: 202

Едиција: Плочка | Формат: 205×205

Извадок од книгата

Нарачај дома

 

Препорачај ја книгата