Мадлен Тиен – Не вели дека немаме ништо

Мадлен Тиен – Не вели дека немаме ништо

„Н

е вели дека немаме ништо“ е роман во кој е прикажан животот на две генерации од едно пошироко кинеско семејство – генерацијата на оние кои живееле за време на Културната револуција на Мао Ѕетунг и онаа на нивните деца, кои станале студенти што протестираат на плоштадот Тиенанмен. Во средиштето на приказната се две млади жени, Мери и Аи-минг. Преку нивниот меѓусебен однос, Мери успева да ги спои делчињата од приказната за нејзиното распрснато семејство во денешен Ванкувер, барајќи одговори во кревките нишки на нивната колектива приказна. Нејзината потрага ќе ги открие енигматичниот и талентиран пијанист Каи, срамежливиот и извонреден композитор Врабец и младата виолинистка Џули, кои ќе бидат принудени одново да ги создаваат своите уметнички и лични идентитети за време на политичките превирања и кампањи во Кина. Нивните судбини ќе одекнуваат и ќе оставаат белег и во годините што следат. Зрело и префинето, со чувство за убавина и хумор, Мадлен Тиен напишала роман кој истовремено е интимен и изразито политички, вкоренет во деталите на животот во Кина, но и трансцендентен во својата универзалност.

Превод од англиски јазик: Иван Шопов

Број на страници: 556

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Мадлен Тиен (1974)

Мадлен Тиен е канадска раскажувачка, романсиерка и есеистка. Авторка е на збирката раскази „Едноставни рецепти“ (2001) и на три романи: „Сигурност“ (2006), „Кучиња на периметарот“ (2011) и „Не вели дека немаме ништо“ (2016). Нејзините книги и раскази се преведени на триесетина јазици. Објавува есеи и критики во Гардијан, Гранта, ПЕН Америка, Literary Review of Canada, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг… Добитничка е на повеќе важни книжевни награди, како Наградата за книга на Градот Ванкувер за збирката раскази „Едноставни рецепти“, de:LiBeraturpreis за романот „Кучиња на периметарот“, како и „Governor General’s Award“ (2016) и Scotiabank Giller Prize (2016), за прозна книга на англиски јазик за романот „Не вели дека немаме ништо“, кој влезе и во потесниот избор за Букеровата награда.

Препорачај ја книгата