Хорхе Луис Борхес – Алеф

А

леф, заедно со Фикции, самиот Борхес го вброил во своите најважни дела. Сите негови подоцнежни раскази, скици или стихови во суштина се варијанта, модификација или воведен нацрт – фабуларен, есеистички или поетски – на мотивите, идеите и симболите содржани во тие две збирки раскази. Како што самиот Борхес напишал: „бројноста на фабулите и метафорите на какви што е способна човечката фантазија е неограничена“. Во расказите понекогаш се појавуваат вистинити ликови и нереални ситуации, а светот претставен таму е како засилен кошмар, наезда на огледални појави, привиденија и нематеријални слики. Алеф? Тоа се фантазии за времето, за вечноста како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за симболичното огледало на вселената, за фасцинантниот лавиринт на сништата и бесконечноста.

Автор: Хорхе Луис Борхес (1899–1986)

Превод од шпански јазик: Ненад Велковски

Број на страници: 161

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *