Марио де Са-Карнеиро

Марио де Са-Карнеиро (1890-1916) е португалски поет и прозаист. Влегува во светот на модернистите благодарение на големиот поет и езотерик Фернандо Песоа. Заедно со Фернандо Песоа и Алмада Негреирош пишува за книжевниот зборник „Орфеу“ под влијание на европската авангарда, со што создава и скандалозни реакции во Португалија поради смелоста на изразот и футуристичкиот идеализам.

Своите книжевни прозни дела, Почеток, Пријателство, Исповедта на Лусио, Небо во Оган и збирката поезија Дисперзија, ги пишува под влијание на Едгар Алан По, Стефан Маларме, Шарл Бодлер, Оскар Вајлд, Цезарио Верде, Фјодор Достоевски и Антонио Нобре. Постхумно се објавени неговите писма и книжевни преводи.

Марио де Са-Карнеиро се смета за еден од стожерите на португалската литература од XX век.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *