Станислав И. Виткевич – Ненаситност

Н

енаситност е вториот од двата главни романи на Виткевич, кој почнал да го пишува веднаш по Збогување со Есента, а го завршил во 1927 г., иако бил објавен дури три години подоцна. Романот е обемна дистописка визија со колосални диспропорции, кој голем број критичари го сметаат за magnum opus на Виткевич. Визијата за совршено дисциплинираната држава на кинеските комунисти, која ја освојува замислената контрареволуционерна Русија и се подготвува за напад на површно комунизираните држави на Западна Европа, романот Ненаситност го прави еден од најуникатните романи во меѓувоената литература, а на неговиот автор чудниот стил на „црна комедија“ му обезбедува место помеѓу класиците на современата гротеска. Романот го следи животот на младиот Генезип Капен, притоа брутално фрлајќи го во најмрачните подземја на метафизиката. Авторот се обидува да вникне во најдлабоките психички нивоа на младиот „јунак“,применувајќи вистинска „аутопсија“ на човечката душа.

Автор: Станислав И. Виткевич (1885–1939)

Превод од полски јазик: Филип Димевски

Број на страници: том I 339; том II 425

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата