Марио де Карваљо – Вагабонтски раскази

Марио де Карваљо – Вагабонтски раскази

О

вие раскази се вагабонтски токму поради тоа што не престануваат да чекорат, да се движат и да ги изминуваат лавиринтите, патеките и улиците на древното; скитаат и талкаат низ најтемните места и сокриените ќошиња, но исто така и блеснуваат среде дневниот болскот на обичниот живот. Среќно маршираат и потем, за час, нападно упаѓаат во домови, градови, истории и така иронично се вплеткуваат во нашето секојдневие, исполнувајќи го со комичност и бурлеска, и на тој начин го расчленуваат на надреални парчиња. Низ овие патешествија, низ монтажата на фантастичните и чудесни сплетови, приказните на Карваљо го испревртуваат светот наопаку и читателот го предизвикуваат низ опачината да нурне во авантурата, во чудата на животот и на книжевноста. Овие раскази пред нас испречуваат огледало во кое се огледуваат и нашите мрачни внатрешни состојби.

Превод од португалски јазик: Наташа Сарџоска

Број на страници: 161

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Марио де Карваљо (1944)

Марио де Карваљо е еден од најзначајните современи португалски писатели. Автор е на повеќе дела од различни жанрови, романи, кратки раскази и драмски дела. Неговата прва збирка раскази, објавен во 1981 година, го означи почетокот на неговата успешна писателска кариера. Неговиот стил е истовремено разновиден и префинет, а неговата фикција е сместена во различно време и на различно место. Добитник е на престижната награда Pegasus Prize во 1996 година. Неговите дела се преведени на голем број светски јазици. Ова е првото негово дело преведено на македонски јазик.

Препорачај ја книгата